Early Bird понуда · 10–24 јули

HR Bootcamp

Човечки ресурси · Стратегиски HR · Работно право · HR комуникација

Практична програма за човечки ресурси за сите што сакаат да влезат или да напреднат во HR — со фокус на регрутација, тимови, комуникација, конфликти, HR процеси и работа на реален проект.

Во програмата ќе научиш како да ги поврзеш HR активностите со бизнис целите, да управуваш со луѓе според работното право, да градиш култура и да решаваш конфликти со самодоверба.

Early Bird понуда достапна до 24 јули
Можност да резервираш место пред редовниот есенски упис
Практична програма: стратегиски HR, работно право и HR комуникација
Реален проект + Европски акредитиран CPD сертификат
Во готово580€
На рати680€
Регуларна цена800€

Пополни ја формата

Нашиот тим ќе те контактира со сите детали пред отворање на понудата.

Искористи пониска цена за пријавување до 24-ти јули

Чекор 1 од 4

За прашања и консултации, контактирај нè преку Вибер, WhatsApp или телефонски на 077 648 049

CPD
60 CPD кредити · #1016562Европски акредитиран сертификат
3+1месеци учење + проект
3практични модула
2инструктори од индустрија
60CPD кредити
Септември 2026почеток
Зошто HR

Луѓето се најважниот ресурс на секоја компанија

Секоја организација зависи од своите луѓе — но малкумина знаат како стратегиски да управуваат со нив. Токму тука е твојата можност.

01

Работиш со луѓе и процеси, но ти недостасува структуриран HR пристап и алатки.

02

Сакаш да влезеш во кариера во човечки ресурси, но не знаеш од каде да почнеш.

03

Не си сигурен/на во работното право, договорите и HR политиките.

04

Немаш практично искуство со регрутација, комуникација и решавање конфликти.

Овој Bootcamp ти дава точно тоа што ти треба — практични HR вештини од стратегија до работно право и комуникација, и реален проект што можеш да го покажеш пред работодавач.

Што ќе научиш

Што ќе знаеш на крајот од програмата

01

Да ги поврзуваш HR активностите со бизнис целите за информирани одлуки.

02

Да го разбираш работното право — видови договори, политики и процедури.

03

Да развиеш ефективна комуникација за градење тимови и решавање конфликти.

04

Да создаваш и одржуваш организациска култура што мотивира и задржува таленти.

05

Да спроведуваш регрутација и селекција со јасни, структурирани процеси.

06

Да стекнеш практично искуство преку работа на реален capstone проект.

Патека

Целосниот HR циклус, чекор по чекор

СТРАТЕГИЈА РАБОТНО ПРАВО КОМУНИКАЦИЈА РЕАЛЕН ПРОЕКТ

Секој модул надградува на претходниот — од стратегиско управување со луѓе, преку работно право, до ефективна HR комуникација. На крајот сето тоа го применуваш во реален проект.

Програма

Три модула + реален проект, еден комплетен HR профил

Секој модул е практичен и се надградува на претходниот.

Модул 1 СтратегијаСтратегиско управување со човечки ресурси
  • Основи на стратегиски HRM
  • Организациска усогласеност
  • HR планирање
  • SWOT анализа
  • HR политики
  • HR метрики
  • Привлекување и задржување таленти
Модул 2 Работно правоПравно управување со човечки ресурси
  • Работно законодавство
  • Договори за вработување
  • Постапки за престанок на работен однос
  • Дисциплински мерки
  • Политики на работно место
Модул 3 КомуникацијаЕфективна HR комуникација
  • Основи на комуникација
  • Комуникација во регрутација
  • Вербални и невербални вештини
  • Решавање конфликти
  • Кризна комуникација
  • Културна сензитивност
  • Повратна информација за перформанси
Проект ПрактикаРеален capstone проект
  • Примена на HR стратегија во реален случај
  • Работа на реален проект во тек од еден месец
  • Ментоство од инструкторите
  • Портфолио што можеш да го покажеш пред работодавач
Инструктори

Запознај ги инструкторите

Програмата ја водат експерти со долгогодишно искуство во човечки ресурси и стратегиска комуникација.

Фросе Тумановска
Фросе Тумановска
HR Manager

HR менаџер со над 5 години искуство во индустријата за човечки ресурси, специјализирана за регрутација, развој на вработените и спроведување HR стратегии. Нејзиниот пристап ги поврзува секојдневните HR процеси со реалните потреби на бизнисот.

LinkedIn →
Ѓорѓина Џина Шеровска
Ѓорѓина Џина Шеровска
Ph.D. Marketing Management

Доктор на науки по маркетинг менаџмент, со експертиза во стратегиска комуникација, односи со јавноста, менаџмент на брендови и интегрирани маркетинг комуникации. Го носи знаењето за комуникација и организациска култура во HR практиката.

LinkedIn →
CPDTHE CPD GROUP
ACCREDITED ACTIVITY60 CPD Credits · #1016562
Акредитација

Акредитирана од CPD — британска институција за квалитет

  • Препознаен квалитет од работодавачи

    CPD акредитацијата значи дека програмата има проверен квалитет и е препознаена од компании ширум Европа. Тоа ти дава предност при вработување.

  • Официјален доказ за твоето знаење

    Добиваш официјален сертификат што го докажува твоето знаење и професионален развој во човечки ресурси.

  • CPD кредити за професионален развој

    Кредитите можеш да ги додадеш во твоето CV и да ги искористиш при пријавување за работа, пракса или членство во професионални тела.

Искуства

Искуства на претходни студенти

Во текот на 3 месеци стекнав знаење корисно за моето работно место. Bootcamp-от значително ми ја зголеми самодовербата и ме опреми со практични алатки за ефективно управување со HR предизвици.

Ивона Митковска

Програмата беше добро структурирана, со ангажирачки модули што ги покриваат клучните HR области — стратегиски HR, работно право и ефективна комуникација.

Невенче Трајчев Љубеновска

Интензивно и многу вредно искуство. Научив многу нови работи и стекнав практични вештини, а истовремено подобро го разбрав HR.

Јасмина Демировска
Student Experience

Искуства на претходни студенти

Неколку важни точки

Цена и Early Bird понуда

Early Bird понуда · 10–24 јули. Резервирај место пред редовниот есенски упис.

Детали за програмата
ПочетокСептември 2026
Времетраење3 месеци учење + 1 месец проект
РаспоредПонеделник–петок, 9:00–17:00
ФорматОнлајн + снимени часови
МодулиСтратегиски HR · Работно право · HR комуникација
СертификатЕвропски акредитиран (CPD)
Пријава

Како да се пријавиш?

За да се пријавиш, пополни ја кратката форма со кликање на копчето „Пријави се", или директно контактирај нè на 075 407 446.

По пријавувањето, нашиот тим ќе те контактира преку телефон, Viber и email со сите важни детали.

Доколку сакаш веднаш да го обезбедиш своето место во групата, можеш да ја уплатиш првата рата преку линкот Плати онлајн.

1Пополни ја кратката форма
2Нашиот тим те контактира со деталите
3Резервирај го своето место во групата
4Почеток на програмата — септември 2026
Прашања

Често поставувани прашања

Дали ми треба предзнаење?
Не. Bootcamp-от е дизајниран да те води од основите. Ако веќе работиш со луѓе, тимови или процеси, ќе напредуваш побрзо, но претходно HR искуство не е услов.
Што ако не можам да ги следам сите термини во живо?
Часовите се снимаат и остануваат достапни. Можеш да следиш со свое темпо, а инструкторите одговараат на прашања и надвор од терминот.
Кога е распоредот на часовите?
Програмата се одвива од понеделник до петок, 9:00–17:00, во тек од 3 месеци учење, по што следува 1 месец работа на реален проект.
Каков сертификат добивам?
Добиваш европски CPD акредитиран сертификат што го докажува твоето знаење во човечки ресурси и ти дава предност при вработување ширум Европа.
Како функционира Early Bird понудата?
Early Bird понудата е достапна од 10 до 24 јули со најповолни услови пред редовниот есенски упис. Пополни ја формата и нашиот тим ќе те контактира со сите детали.

Луѓето се јазикот на секоја успешна организација.

Направи го својот чекор кон кариера во човечки ресурси.

Пријави се за HR Bootcamp